„Куманово -паркинг “ работи со загуба

Јавното претпријатие  „Куманово -паркинг “ првиот квартал годинава го заврши со добивка. Ова го покажува извештајот за финансиското работење на претпријатието од први јануари до крајот на март 2015 –та година, кој беше усвоен на последната седница на Советот на општина Куманово. Ако вкупните приходи за  посочениот временски период биле 8 милиони 205 илјади денари, а расходите  повеќе од 7 милиони 738 илјади денари, Куманово паркинг остварило добивка од околу 467 илјади денари. Истиот период минатата година претпријатието работело со загуба. Што се однесува до вториот квартал годинава,  Куманово -паркинг  работело со загуба од 830 илјади денари.

-Првиот квартал е завршен успешно,  а во вториот квартал имаме минимална загуба меѓутоа мислиме дека во наредниот период ќе го надоместиме и до крајот на годината ќе бидеме со позитивен извештај, загубата се должеше на тоа што во еден одреден период пајак службата не функционираше поради безбедносни причини заради настаните на 9 мај и заради тоа што не работевме околу два месеца со уличното осветлување бидејќи немавме согласност од  Советот за јавни набавки, изјави Фадиљ Шабани, директор на ЈП„Куманово-паркинг“

Според Шабани, проблемите со кои се соочувало претпријатието веќе се минато и се надева дека до крајот на годинава  „Куманово-паркинг“ ќе оствари позитивни финансиски резултати. А што се однесува до обележувањето на паркинг местата , директорот најави активности после годишните одмори.

Коментари

коментар(и)