„Куманово план “ со богата Програма за работа

Јавното претпријатие „Куманово план“  целосно е подготвено за реализација на Програмата за работа за тековната годин. Основните услови за отпочнување со работа на ова јавно претпријатие беа да се донесе Програмата за работа од Советот на Општина Куманово и да се добијат потребните лиценци за работа, односно лиценца за планирање и изработка на урбанистички планови и лиценца за проектирање, посочуваат надлежните. Првата поголема активност на „Куманово план“  веројатно ќе отпочне во јуни месец со изработка на Генералниот урбанистички план со што ќе бидат решени голем број проблеми на граѓаните, информира директорот Горан Митевски.

-Сообраќајните проблеми, сообраќајниот метеж, проблемот околу што значи сообраќај и сообраќајници, што значи пешачки коловоз, сообраќаен коловоз, што значи  почитување на стационираниот сообраќај, каде и што да се регулира, од аспект на животна средина, на зелени површини, зафаќање и регулирање на станбените површини, регулирање на домувањето, а не онака хаотично или како што до сега е реагирано парцијално, без некој редослед и добри пресметки за колективно домување и индивидуално домување кое што се преплетува едно со друго и тука има големи антагонизми се појавуваат меѓу самите соседи корисници на тие простори итн. Основните параметри, основните правци на функционирањето на градот треба да се отпочнат со ГУП да се дадат, значи да се согледаат дефинитивно недостатоците и потоа да се дадат решенија кои што соодветствуваат на она што значи и што е битно за Куманово, изјави Горан Митевски, директор на ЈП „Куманово план“  

Во програмата за работа се предвидени и неколку урбанистички планови што претпријатието треба да ги реализира, а претходно се одобрени и според Закон пропишани од комисијата што функционира во рамки на општината, оформена од градоначалникот на Куманово.

-Има предвидено одредени некои по јавни, транспарентни активности кои што треба да се преземат во однос на урбанизацијата кои што се очекува да бидат внесени во законските решенија кои што следат во мај и јуни што ќе биде донесен Законот за просторно и урбанистичко планирање, така што многу потранспарентно се работи на таа проблематика каде што ќе бидат вклучени граѓаните на Куманово односно нивните претставници во урбаните заедници односно претставниците -советниците и претставниците во одредените тела кои што ќе бидат предвидени со законското решение. Законот за просторно и урбанистичко планирање е поминат на Влада и во закон во собраниска процедура со одредени забелешки два пати се враќа во однос на функционирањето и усогласувањето со други законски решенија што ги има од таа проблематика ,така што се очекува да биде донесен најдоцна до јуни месец и да функционира целосно со сите правилници и помошни и подзаконски акти до крајот на годината. Мислам дека ќе бидат транспарентно прикажани и достапни на граѓаните на општината, на нашата држава во однос на урбанизацијата, изјави Митевски.

Согласно дефинираната Програма за јавни набавки во текот на 2019- та година, „Куманово план“  планира да обезбеди опрема, пософистицирана во однос на административната опрема која што ја има во општината.

 -Донесовме одлука, направена е целокупна постапка, ми се чини дека веќе е во тек и мислам дека аукцијата дефинитивно ќе биде до крај на оваа недела или почеток на наредната недела, зависно од законските рокови, се надевам дека тоа се ќе биде завршено иако малку има барем по оние реакции и понудите кои што се доставени, не ја разбираат во целост дефинитивно понудувачите потребата од квалитетна опрема што е битна за претпријатието за да нормално и добро функционира, од компјутерите, јачината на компјутерите, екраните до плотерите и штампачите кои што се предвидени. Мислам дека тоа ќе се заврши, дека тоа ќе биде изрегулирано, сега и новиот закон за јавни набавки малку е потолерантен во однос на квалитетот и цената и начинот на кој ќе се одлучува во однос на она што се бара за јавна набавка така што мислкам дека тоа ќе се заврши, изјави Митевски.

Во „ Куманово план“  работи стручен тим од дванаесет лица, од кои што шестмина се инженери. Во рамките на јавното претпријатие функционираат  три одделенија, одделение за општи правни работи и финансиски работи, одделение  за планирање и проектирање и одделението за проектирање и надзор.

Коментари

коментар(и)