Куманово подготвено за расчистување на снегот

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денеска ја посети приватната фирма Кооп Инжинеринг, која е задолжена за зимско одржување на улиците. Фирмата е подготвена, заедно со јавното претпријатие Чистота и Зеленило да се справат со евентуални врнежи од снег.

-Самите се уверивме дека располагаат со поголем број на специјални возила за чистење на снег кои се предвидени да го одржуваат градот во зимскиот период. За оваа работа општината издвои над 8 милиони денари, годишно за една сезона. Исто така дополнителни 5 милиони денари за јавното претпријатие Чистота и зеленило за одржување на јавните прометни површини, тротоарите, градските плоштади. Се работи за високи професионалци имаат големи количини сол обезбедено и верувам дека можеме да се справиме со секој предзвик-нагласи тој.

-Јавното претпријатие Чистота и Зеленило и оваа година според програмата на општината за зимско одржување на јавно прометни површини се однесува на тротоарите, одржување на плоштадите како и на градскиот кеј. Ние за оваа работа имаме доволно ресурси, вработени и очекуваме работата да ја завршиме како што треба-нагласи Даниел Стојчевски, директор ЈП Чистота и Зеленило.

Градоначалникот на Куманово воедно апелираше до граѓаните, доколку дојде до паѓање на поголеми количини на снег, активно да се вклучат во чистењето. Апел упати и до дуќанџиите, кои според законот, се обврзани да ја уредат јавно прометната површина пред нивниот објект.

Коментари

коментар(и)