Кумановските атлетичари најдобри во државата

Атлетскиот клуб Куманово оваа година ја заврши како најдобар во државата, бидејќи е убедлив победник во екипен пласман. Првото место на конечната ранг листа го потврди и натпреварувањето на Младински куп на Македонија, на кој кумановци освоија неверојатен резултат и ги оставија далеку зад себе Работнички и Лирија. Тренерот Филип Колески не го криеше своето задоволство од постигнатиот успех. Според него и малите екипи, кои работат во скромни услови, со многу труд и желба, можат да постигнат голем успех.

-Лани бевме први но понеизвесна битка, оваа година имаме десет национални рекордери, високи постигнувања на индивидуалци на нашите членови во репрезентација. И покрај победата која што ја остваривме сега беше толку убедувачка што јас непомнам последниве 15 години некој така да триумфирал во Македонија-наведе тој.

На последниот куп, атлетичарите од Куманово забележаа и неколку државни рекорди. Велат дека наградите ги мотивираат за уште поголем успех.

-Многу сум задоволна затоа што станав државен рекордер во дисциплина која е многу техничка и ја тренирам долго време. Тоа е голем успех за мене, затоа што и ова е многу стар рекорд. Покрај тоа освоив и две први и две втори места, во фрлање диск, џуле, скок во височина и далечина-наведе Матеја Ефремовска атлетичарка.

-Јас сум презадоволен учествував во 3 дисциплини и во сите успеав да победам. Најмногу задоволство ми претставува скокот во далечина, бидејќи таму успеав да го победам претставникот од европско првенство- нагласи Никола Стојановиќ.

Атлетичарот Милан Вељковиќ кој речиси три години се занимава со овој спорт, вели дека напорните тренинзи воопшто не му претставуваат проблем.

Инаку клубот во моментов работи на организација на атлетскиот митинг кој треба да се одржи во Куманово, на 10-ти октомври. По митингот тие ќе започнат со подготовки за следната сезона.

 

 

Коментари

коментар(и)