„Кумановски акцијаши“ со благодарници за СДСМ и Костовски

Здружението Кумановски акцијаши денеска додели благодарници на СДСМ, како политичка партија и претседателот Мартин Костовски, за успешната соработка минатата година. Претседателот на здружението, Јусуф Љатифи истакна дека нивната поддршка била значајна во акциите кои што ги спровеле.

-Да искажаме благодарност за ангажманот на СДСМ во развојот на областа заштита и унапредување на животната средина. Активности кои тие минатата година ги направија со проектот Моето маало. Воедно сакавме да изразиме благодарност за поддршката на Мартин Костовски кој како личност ни помагаше во дејствувањето –посочи тој.

Првиот човек на општинската организација на СДСМ, изрази благодарност за признанието и нагласи дека оваа соработка треба да биде пример како треба да функционираат  граѓански здруженија.

-Особена чест и задоволство ми е да ја примам оваа благодарница, признание лично за мене како и за општинската организација на СДСМ, бидејќи минатата година со проектот Моето маало се докажавме или се обидовме да се докажеме како луѓе кои што нашето слободно време за викендите ќе го искористиме со цел да разубавиме една средина во нашата општина. Во наредниот период со подобрување на временските услови ќе продолжиме заедно во координација со Кумановски акцијаши со проектот со цел да дадаме скромен, мал придонес за она што е во рамки на нашите финансиски средства и можностите како политичка партија-додаде Костовски.

За успешната работа здружението Кумановски акцијаши минатата година  го доби највисокото општинско признание, Ноемвриската награда.

 

 

Коментари

коментар(и)