Кумановци веруваат во инстант лозови

Огромен е интересот на кумановци за новиот инстант лоз на Државна лотарија на Македонија , Мини и Макси, но не помалку се купуваат и останатите грепки Аладинова ламба, Среќен роденден, грепката Со среќа. Играчите на инстант лотарија очекуваат добивки.

-Пред  неколку недели едно малечко дете доби еко-скутер, парични добивки, претходно имаме мобилен телефон. Ги повикуваме да дојдат сите да играат грепки, исто така ќе добиваме и нови како што кажав претходно, уште не е извлечен автомобил –БМВ тука во Куманово, така што ги повикуваме сите да дојдат да гребат и со среќа на сите, изјави Славица Стошиќ , Државна лотарија на Македонија

Со купување на различни видови инстант лозови, шансата за добивка е поголема, сметаат кумановци.

-Два до три пати месечно, во поминување купувам грепки. Само некоја мала сума за замена, ама се надеваме дека ќе добијам и уште гребам. И двете не се лоши, ама и автомобил би било супер, изјави анкетирана кумановка

-Сакам да гребам грепки, се надевам на добивка. Имам две грепки кои ми се омилени, Аладин и Мини – Макси, изјави анкетирана кумановка

Дека кумановци навистина веруваат во игрите на среќа говори и податокот што честопати порачуваат инстант лозови и од други градови.

Коментари

коментар(и)