Кумановци нападнале сограѓанин по сообраќајна незгода

По предизвикана сообраќајна незгода, тројца кумановци се приведени во Полициската станица Куманово откако биле пријавени дека нападнале сограѓанин.

Инцидентот бил пријавен во саботата околу 15 часот, по што полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода кумановци на возраст од 18, 22 и 49 години. Откако се случила сообраќајната незгода тие физички нападнале 21-годишен жител на селото Пчиња.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од МВР.

Коментари

коментар(и)