Кумановци редовно плаќаат даноци

Кумановци се редовни плаќачи на данокот на имот. Годинава наплатата  оди малку побавно бидејќи општината задоцни со издавање и дистрибуција на решенијата за 2015-та година велат од Секторот за администрирање приходи. Сите оние граѓани кои што не ги добиле решенијата може да се јават во Општина Куманово, а во меѓувреме и службите се на терен .

-Се  надевам дека крај на септември евентуално октомври веќе ќе бидат доставени така што ќе се зголеми и самата наплата на данокот на имот на физички и правни лица, она што треба да се потсети е за комунална такса, ние секоја година отпочнуваме со блокирање на сметки некаде кон крајот на септември така што и оваа година ќе започне блокирањето кон крајот на септември за правни лица, полека се подготвуваат блокади и за правни лица за данок за имот за 2014 година и она што редовно си тече мислам дека е зголемен прилив на средства по однос на данок на промет на недвижности ,кога ќе помине тековната година ние праќаме опомени исто така кога дојдат да направат купопродажба тогаш ги плаќаат сите заостанати долгови за данок на имот , се уште не сме се осмелиле да направиме блокада на физички лица мислам дека би требало да го направиме тоа во иднина, изјави Зоран Павловски, раководител на Сектор за администрирање приходи во Општина Куманово

Раководителот информира дека на првата наредна седница на Советот на Општина Куманово ќе биде доставена  информација со прибрани средства по основ на такси и даноци до 31 август 2015 година. Заклучно со 2015 година, надлежните очекуваат  наплатата да биде околу 90 проценти за и комунална такса и за данокот на имот на физички и на правни лица.

 

 

 

Коментари

коментар(и)