Лајонс клуб подари новогодишни пакетчиња

Учениците сместени во интернатот во селото Драгоманце денеска добија новогодишни пакетчиња од Лајонс клуб Куманово. Членовите на клубот традиционално во пресрет на новогодишните и божиќните празници организираат хуманитарни акции.

– Избираме таргет групи , посиромашни дечиња, социјални групи, слепи лица, инвалиди.  Oваа година одлучивме овие пакетчиња да ги поделиме на основното училиште во село Драгоманце на дечињата кои што живеат во интернатот .  Има околу 85 дечиња од сите околни села од козјачкиот регион. Се надевавме дека ќе ги направиме дечињата многу среќни, изјави Влајко Стојчевски, член на Лајонс Клуб Куманово

Во училиштето „Христијан Тодоровски Карпош “ учат 80 деца од кои 13 деца од козјачкиот регион престојуваат во интернатот .

-Традиција во нашето училиште е да се организираат новогодишни приредби.  Оваа година не посети здружението Лајонс клуб од Куманово и им подарија на учениците пригодни пакетчиња по повод новогодишните и божиќните празници. Традиција е во нашето училиште имаме посети и од други здруженија, а годинава за првпат не посети Лајонс клуб од Куманово,изјави Стојка Спасовска, директор на ООУ„Христијан Карпош“  с.Драгоманце

Лајонс клубот  во Куманово е формиран во 2007-та година, како и останатите 30-ина во Македонија. Мотото под кое делуваат  е  „Размислувај глобално- делувај локално “ . Во досегашното постоење лајонси реализирале повеќе поголеми и помали акции. Вообичаено се настојува средствата да се даваат во вид на некаков материјал, средства за храна или наменски ваучери.

Коментари

коментар(и)