ЛДП одржа програмска конвенција во Скопје

Либерално демократската партија минатата сабота, во пресред на вонредните парламентарни избори, одржа програмска конвенција на која ја презентираше својата програма. На конвенцијата којашто се одржа во објектот на Македонската опера и балет, присуствуваа симпатизери, членови и делегати на партијата од Куманово. Пред присутните се обратија Даниел Кадик, директор на германската фондација Фридрих Науман за југоисточна Европа, Ханс ван Баален, европратеник и претседател на Европската алијанса на либерали и демократи, генералниот секретар на Либералната интернационала, Емил Кирјас, претседателот на ЛДП, Горан Милевски и многу други. Тие потврдија дека остануваат на заложбите за достоиствен живот, решавање на проблемот со иселување на младите, намалување на давачките и слично.

-Тука се и слобода на поединецот, почитување на човекови и граѓански права, независни и функционални институции, чиста, здрава животна средина како највисок приоритет, силно и динамично претприемништво, врзување на потчинетоста на државата со право, еднаквост на сите пред законот, промовирање на толеранство, независност и професионални медиуми, културна политичка интеграција во Европа и светот, функционално општество, клучни одредници за реформа на политички систем, се залагаме за нов начин на избор на претседател на држава, во собрание на Република Макеоднија, со двотретинско мнозинство, македонија како една изборна единица, каде секој глас би бил верификуван па и оние што се во дијаспора, избор на советници на пратеници, преку отворени листи-изјави Зоран Павловски, ЛДП.

Павловски истакна дека меѓу заложбите на ЛДП се и реформи на законот за референдум, регионализација на државните институции, поголеми можности за мали бизниси.

На настанот освен  членови, симпатизери и делегати, присуствуваа и  претставници на партијата од Косово, Црна Гора, БиХ, и од коалицискиот блок. Инаку мотото на годинешната конвенција на ЛДП е “Има избор. Овде и сега“.

Коментари

коментар(и)