ЛЕСС дебатираше за мерки за ублажување на последиците од кризата

За мерки за ублажување на последиците од енергетската криза расправале на денешниот состанок членовите на локален економско-социјален совет на Општина Куманово. Како што информираат надлежните на средбата присуствувале повеќе претставници од бизнис заедницата чии компании користат фотоволтаици. Наскоро се плнира дополнителна средба со бизнис заедницата, големите потрошувачи, како и претставници на училиштата и установите, со цел да им се пренесат искуства од користење на фотоволтаични панели, да се увидат заштедите.

Планираме да презентираме добри практики, да повикаме претставници од институции кои даваат грантови или каква било поддршка за поставување на панелите. Секако ќе ги поканиме сите заинтересирани граѓани кои можат да пренесат свои искуства или оние кои планираат да постават-изјави претседателот на локалниот економско социјален совет, Најден Бајдевски.

На работната средба се дискутирало за користење и функционирање на соларни фотонапонски панели во домаќинства и компании, кои штедат енергетски ресурси и ја заштитуваат животната средина.

Коментари

коментар(и)