Липково доби грант за детска градинка (ВИДЕО)

Министерката за труд и социјална политика , Јагода Шахпаска заедно со градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи денеска потпишаа Договор за грант со кој се доделуваат финансиски средства за изградба на нова детска градинка во населеното место Матејче.

Градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи информираше дека според официјалните статистички податоци на територијата на општина Липково живеат околу 2.200 деца на возраст до шест години, како и дека изградбата на оваа нова градинка во Матејче е вистински потег во правец на решавање на овој предизвик.

Липково е една од 17-те општини која аплицираше и ги исполни условите од првиот јавен повик за доделување грантови за изградба на детски градинки и центри за ран детски развој. Наскоро ќе биде објавен нов јавен повик за доделување грантови за проширување на постојните и изградба на дополнителен број нови градинки ширум земјата.

Во продолжение изјавата на министерката Шахпаска

 

Коментари

коментар(и)