Листата „За наше Куманово“ собра над 1250 потписи

„Вечерва ги затворивме листите за кандидати за градоначалник и советничката листа “За наше Куманово” со голема граѓанска поддршка од над 1250 потписи, напиша синоќа на Фејсбук, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, заблагодарувајќи се за поддршката што ја добил за независната кандидатура.

-Сакам да се заблагодарам на сите кумановци кои ни дадоа доверба да бидеме нивни кандидати на локалните избори. Ветувам дека ќе продолжиме да работиме на развојот на градот и иднината на нашите сограѓани како досега со уште поголеми амбиции и енергија, посветено, чесно, отчетно и одговорно. На следните избори граѓаните на Куманово ќе победат-напиша Димитриевски.

Коментари

коментар(и)