Лиценци за туристички водичи за Кокино

Од први август годинава само на туристички водичи ќе им биде дозволено да водат тури на локалитетот Кокино. 40 водичи веќе ја завршија бесплатната обука и добија уверенија за туристичко водење на локалитетот одржана од кумановскиот Музеј, а утре обуката ќе ја завршат уште 12 идни водичи.

Една од најважните измени во поглед на менаџирање со локалитетот, а со цел негово самоодржување  е одлуката да се започне со наплата на влезница за посета на Кокино.

-Наплатата ќе се врши преку купување на карта од чуварот на влезот на локалитетот или преку уплата на жиро сметката на НУ Музеј Куманово, поединечно или за група на посетители, со прикажување на потврда за уплатата на чуварот на влезот на локалитетот, изјави Анита Цветановска, директор на НУ Музеј, Куманово

Измените околу менаџирањето се подржани и реализирани од страна на проектот на УСАИД за експанзија на мали и средни бизниси. Целта е да се обезбеди одржлив финансиски модел за одржување, развивање и промовирање на архео-астрономскиот локалитет Кокино.

Инаку, уверенијата и лиценците за првите три обуки ќе се доделуваат в четврток  неделава, во Музејот на македонската борба .

Коментари

коментар(и)