Лотарија го додели првиот МИНИ од инстант лозот МИНИ и МАКСИ

Најновиот инстант лоз на Државна лотарија на Македонија наречен МИНИ и МАКСИ ја донесе првата премија во Битола. Првиот MINI ONE ќе се вози по улиците на Битола откако лозот е купен во продажното место Brothers Tobacco на Широк Сокак во Битола .

Младиот брачен пар Игор и Елена се новите сопственици на овој автомобил. Нивната среќна приказна започнала неодамна кога на нивната свадба добиле инстант лозови како подарок. Неколку од нив биле добитни, но тие сепак не се решавале веднаш да ги заменат за нови. Откако во продажба излезе најновиот инстант лоз МИНИ и МАКСИ почувствувале дека евреме да ги заменат. Игор покрај замените докупил и уште неколку инстант лозови МИНИ и МАКСИ во продажното место Brothers Tobacco. Инстантите ги гребеле во домот заедно со сопругата Елена , а интересно е дека нивното синче Марко  го избрал добитниот лоз. Најпрво не им се верувало дека токму тие се среќните добитници на првиот автомобил од овој инстант лоз, па затоа најпрво ја провери ја и потврдија својата добивка па дури потоа се пофалиле на своите најблиски.

Инаку, МИНИ и МАКСИ нуди 10 автомобили BMW X1  и  5автомобили MINI ONE, а со овој лоз Државналотарија ја продолжува низата каде главна премија се автомобили. Овој пат во игра се два типа автомобили  BMW X1 и MINI ONE.

Играта е едноставна а истовремено и динамична. Во 9те полињазагребењетребадасеоткријаттриистисимболина BMW X1 или три исти симболи на MINI ONE, за добивка автомобил. Или пак три исти износи за парична добивка.

Покрај автомобилите, лозот нуди 20 добивки по 50.000 денари  и други парични добивки.

За МИНИ инвестиција од 80 денари овој лоз може да ве донесе до МАКСИ добивка автомобили  BMW X1 или MINI ONE.

Коментари

коментар(и)