Лојане: Во пожар изгоре куќа

Куќа изгоре во пожар во село Лојане, Општина Липково, информира регионалниот центар за управување со кризи. На интервенцијата учествувале четворица пожарникари од кумановската Територијална противпожарна единица.

Причината за избувнување на пожарот, како и вистината на нанесената материјална штета засега не се познати. Кумановските пожарникари вчера имале уште две интервенции.

Втората интервенција исто така била на подрачјето на Општина Липково, каде во селото Ваксинце се запалила сува трева. Сува трева горела и во атарот на селото Долно Којнаре.

Коментари

коментар(и)