Лукаревска: Нова развојна економија за повисоки плати

Носителката на листа од изборната единица 2, од коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, Сања Лукаревска, го посети локалитетот „Студена вода“, кој изминатиов период интензивно се уредува и ќе стане атрактивно излетничко место. Таа нагласи дека во уредувањето на овој простор кој се наоѓа на 5 километр од Куманово, се вложени над 11 милиони денари, најголемиот дел од програмата за рурален развој. Најави дека во следниот мандат ќе обезбедат нов развоен концепт, нова македонска развојна економија, за стабилен раст, повисоки плати и шанса за сите.

-Кризата предизвикана од коронавирусот ја видовме како можност за брза трансформација на нашата економија, за граѓаните и компаниите креиравме навремени мерки за справување со економските ефекти. Продолжуваме со поддршка на домашните и странските компании со 600 милиони евра, 300 милиони од буџетот и 300 од европските фондови. Најавуваме една милијарда евра странски инвестиции за следните четири години базирани на иновации и одржливост-нагласи таа.

Лукаревска посочи и дека невработеноста ќе се намалува за 3 проценти годишно и ќе биде едноцифрена до крајот на мандатот. Минималната плата ќе порасне на 20.000, просечната на 34.000 денари, ќе растат и пензиите, најниските за 21 процент. Лукаревска најави дека ќе се зголемат субвенциите за земјоделците, а парите за рурален развојод 160.000 ќе бидат 200.000 милиони евра годишно.

Коментари

коментар(и)