Малиот Алексеј освои две злата и сребро во тенис

Членот на Тенискиот клуб „Тумба“ – Куманово, деветгодишниот Алексеј Стојановски, , освои две златни и една сребрена медала на Отворените првенств во тенис, кои во изминатите три викенда се одржаа во Скопје, во организација на Тениската федерација на Република Северна Македонија.

Младиот тенисер се закити со две први места во категорија на јуниори до 11 години и едно второ место во категорија на јуниори до 12 години.

Минатата година тој ја заврши на првото место во категорија на деца до 10 годишна возраст и освоени три први места на Отворените турнири во портокалов тенис во Велес, Скопје, Куманово, и Неготино.

Алексеј вели дека патот до успехот не е лесен, но со секојдневни напорни тренинзи и залагање на неговите тренери Далибор Димковски и Игор Поп Глигоров, следуваат големи победи и успеси.

Коментари

коментар(и)