Матичните лекари утре на мирен протест пред министерството

Матичните лекари утре, на Денот на здравјето, ќе одржат мирен протест пред Министерството за здравство.

– Получасовниот протест пред Министерството за здравство ќе почне напладне, а одлучивме да се собереме сите лекари и медицински сестри на 7 Април, Денот на здравјето, бидејќи ништо не се смени. Економскиот совет на Владата да си најде пари за покачување на капитациониот бод на матичните лекари, за да може да ги задржиме младите лекари и да ги исплатиме соодветно медицинските сестри – вели Лидија Чолакова-Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари на Македонија.

Коментари

коментар(и)