Матурантите полагаат државна матура

Од денеска до петок во средното стручно училиште Перо Наков ќе се полагаат екстерните испити од државната матура во августовскиот испитен  рок. Матурантите од Куманово, Липково и Крива Паланка кои не положиле во јуни или пак биле спречени да се јават на испитот денеска го полагаат мајчиниот јазик, а воедно имаат можност да добијат  диплома за положена државна матура.

-Ќе полагаат училиштата од Куманово Гоце Делчев, Перо Наков, Наце Буѓони и Сами Фрашери, потоа гимназијата Исмет Јашари од  Липково и Ѓорче Петров од Крива Паланка. Утре се полагаат странските јазици, во четврток  математика,  а во петок изборните предмети бизнис, филозофија, историја,  Лидија Тасевска, директор на ССУ „Перо Наков “

Доколку и во овој испитен рок некој од матурантите не положи, за него ќе нема трета шанса, велат надлежните.

-За жал ќе нема трета шанса, ќе мора да го почека јунскиот испитен рок наредната учебна година или евентуално да побара да се префрли во завршен испит кој што исто така му овозможува добивање диплома со која што ќе може на ограничен број факултети да се запише ученикот, но нема да може на сите како што е со дипломата за државна матура,  изјави Лидија Тасевска, директор на ССУ „Перо Наков “

Што се однесува до јунскиот испитен рок, матурантите најдобри резултати оствариле во полагањето на изборните предмети, што според Тасевска е и логично бидејќи учениците ги избираат оние предмети кои што им требаат за запишување на саканиот факултет.

Коментари

коментар(и)