МВР: Мотоциклист повреден во сообраќајна незгода

Едно лице е повредено при судир на автомобил и мотоцикл во сопственост на Министерството за внатрешни работи, кој се случил викендов во Куманово.

Според МВР, на 12 јуни во 12.20 часот било пријавено ддека на крстосницата од булеварот „Трета македонско ударна бригада“ и улицата „Перо Чичо“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од 31 годишен кумановец  и мотоцикл „пјаџо“, сопственост на МВР, управуван од 24 годишен жител на село Черкези.

Во незгодата, како што велат од полицијата, возачот на мотоциклот се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Коментари

коментар(и)