МВР: Приведена Албанка поради туѓа патна исправа

Дваесет и двегодишна Албанка била приведена на граничниот премин „Табановце” бидејќи покажала туѓ пасош. Како што соопшти МВР, Р.К. 22 -годишна државјанка на Република Албанија при проверка приложила патна исправа на име на 28 годишна државјанка на Република Албанија. Таа веднаш била приведена и предадена на полициски службеници за понатамошна постапка.

Коментари

коментар(и)