МВР санкционираше 411 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 411 возачи.

Од нив, 24 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 181 возач ја пречекориле брзината во населено место, а 230 надвор од населено место, информираат од МВР.

Коментари

коментар(и)