МВР: 280 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (28.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 280 возачи. Од нив, четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 186 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 94 надвор од населено место, соопшти МВР.

Коментари

коментар(и)