МВР: 648 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (09.04.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 648 возачи. Од нив 24 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 345 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 303 надвор од населено место.

Коментари

коментар(и)