МВР: 648 санкции за пребрзо возење вчера во целата држава

МВР информира дека во текот на вчерашниот ден во периодот од 15 до 20 часот спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 648 возачи.

Од нив, 78 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 332 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 316 надвор од населено место, информираат од МВР.

Коментари

коментар(и)