МВР: 79 возачи казнети на подрачјето на СВР Куманово и СВР Штип

Седумдесет и девет лица биле казнети утрово на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Куманово и Штип, поради возење со брзина над дозволеното.СВР Куманово информира дека во периодот од 07 до 11 часот на подрачјето на СВР Куманово и СВР Штип спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 41 возач на територија на СВР Штип, а 38 возачи на подрачјето на СВР Куманово.

Засилените сообраќајни контроли, велат од МВР, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на полицијата.

Коментари

коментар(и)