„Медена земја“ од 3-ти октомври во МКЦ „Козјак“

Од трети октомври во младинскиот културен центар Козјак во Куманово ќе се прикажува најнаградуваниот македонски документарец, Медена земја.  

Филмот во јануари годинава освои три награди на престижниот филмски фестивал „Санденс,“ каде првпат во историјата на оваа манифестација еден филм беше награден со три признанија.

„Медена земја“ е овогодинешен македонски кандидат за Оскар, а е во трка и за најдобар документарец на „Европските филмски награди“ кои ги доделува „Европската филмска академија“.

Филмот досега учествуваше на голем број филмски фестивали, а позитивни рецензии за филмот објавија сите значајни светски филмски списанија.

Коментари

коментар(и)