Меѓународен ден на лицата со Даунов синдром

Се одбележува Меѓународниот ден на лица со Даунов синдром. И дневниот центар за лица со интелектуална попреченост, „Порака Наша“ со симболнични активности се вклучи во одбележувањето.

Корисниците и вработените носеа шарени чорапчиња, симболично прикажувајќи шареноликоста и различноста кај нас.

По повод 21-ви март, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, упати порака дека обврска на заедницата е да се обезбеди подобар живот на секој граѓанин.

-Сите мора да имаат еднакви права и можности. Без дискриминација, со прифаќање на различностите. Со еднаков третман и нега од страна на локалната власт и државата. Денешниот Светски ден на лицата со даунов синдром 21 март е потсетник дека од тој пат не смееме да скршнеме. Нашата обврска, но и заложба е да овозможиме попристоен и подобар живот за секој граѓанин во Куманово. Само заеднички можеме да направиме промени на подобро. Верувам дека денешниот ден ќе не поттикне активно да работиме на тој план – Куманово на сите граѓани-вели Димитриевски.

Коментари

коментар(и)