МЗ: Куманово со 22,2 проценти вакцинирани граѓани со првата доза

Според статистиката на Министерството за здравство за бројот на вакцинираните жители по општините во Македонија, најмал е опфатот во Кичево (18,2% од населението ја примиле првата доза од вакцината против ковид-19), Дебар (18,6%), Тетово (19,4%), Струмица и Кратово (21%), Куманово (22,2%). Највисок е процентот на вакцинирани граѓани со прва доза во општините Гевгелија (46,2%), Кавадарци (46,1 %), Охрид (45%), Битола, Ресен, Неготино и Штип.

Во просек во Македонија процентот на вакцинираното население со прва доза од вакцината е 29,6%.

Најголем дел од новите случаи од вчера се регистрирани во Тетово, и тоа 60, Скопје 34, Гостивар 21… Бројот на активни случаи во земјава изнесува 770, од кои најмногу се во Тетово 229, по што следи Скопје со 221, Куманово 72, Гостивар 68…

Коментари

коментар(и)