МЗ: Многу земји воведоа здравствени сертификати

Министерството за здравство информира дека во земјава досега се детектирани триесетина случаи со Делта варијанта, која рапидно се шири насекаде во светот, во регионот, па многу е веројатно истото да се случи и кај нас. Делта сојт на СарсКов2 ја прави вакцинацијата уште поважна, оттука мора да се вакцинираат што поголем број граѓани како би се избегнало повторно затворање, полициски час и слично. Граѓаните мора да покажат висока дисциплина, да се вакцинираат, за да се заштитат самите себе, семејствата, децата, пријателите, колегите на работа. Мерките кои ќе стапат на сила ги најавуваме, ние не сме единствена земја која ќе воведе мерки, многу по рестриктивни мерки веќе се применуваат во земјите од регионот, Европа и светот.

Во обид да се зачува јавното здравје и да се стави под контрола рапидното зголемување на бројот на заразени, што претставува ризик од преоптоварување на здравствените системи, сè повеќе земји воведуваат задолжително приложување на вакцинален сертификат за своите граѓани, за непречено користење на јавните места и услуги.

 

Коментари

коментар(и)