Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 109 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Куманово се лекуваат 27 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19.
Надлежните потсетуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 183 и има околу 430 празни болнички кревети во ковид центрите.