МЗ: 45 новозаболени кумановци од ковид -19, двајца починати

454 нови случаи на ковид -19 евидентирани се во последните 24 часа на ниво на државата, информира министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новозаболените 45 случаи се од Куманово.
Регистрирани сe и 308 оздравени пациенти, меѓу нив нема кумановци.

Во текот на изминатите 24 часа на ниво на државата починале 9 лица, од нив двајца се кумановци, на возраст од 30 и 63 години.

Бројот на активни случаи во земјава изнесува 12.090 , а во Куманово  – 979, соопшти министерството за здравство.

Коментари

коментар(и)