Министерот Адеми го посети училиштето во Отља

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми вчера заедно со градоначалникот на општина Липково, Еркан Арифи изврши увид во изградбата на спортската сала во основното училиште Антон Зако Чајупи, во село Отља. Тој посочи дека ова е еден од првите проекти кои што министерството ги реализира на територија на општина Липково. Нагласи дека е започната и изградба на нов спортски објект во село Матејче.

-Со овие инвестиции ќе се подобри образовната инфраструктура и ќе се даде придонес за здравјето на децата, особено имајќи ги во предвид и новите реформи кои се предвидени и преточени во законски одредби, како што е Законот за основно образование, каде е предвидено да имаме тандем наставници за организација и држење на наставата по предметот физичко образование од прво до петто одделение со цел да се подобри здравјето на нашите најмили, децата-истакна тој.

Коментари

коментар(и)