Министерот Филипче ја посети Општата болница

Министерот за здравство Венко Филипче при денешната посета на кумановската општа болница и новоизградениот ургентен центар, изврши увид врз донираните апарати, ендоскопски столб и видео  ларингоспокоп, опрема  со која се подобрува квалитетот на пружање на здравствена нега за пациентите во болницата која покрива територија од 250.000 жители.

Тој посочи дека се работи за опрема која се користи во најразвиените европски центри, и со која се овозможува визуелизација, се намалува ризикот од компликации, и значајно се олеснува инкубацијата за време на интеревенциите. Министерот нагласи дека Ургентниот центар целосно е ставен во функција, а на средбата со директорката на болницата, Снежана Захариева разговарале и за набавка на новиот мамограф чија што постапка е во тек во Министерството.

Министерот рече дека се очекува и нов апарат за компјутерска томографија кој во наредните 4 до 5 месеци ќе биде инсталиран и ќе биде наменет за пациентите кој ќе се примаат во Ургентниот центар.

-За тековната работа за гасификација на болницата проектиирањето целосно е завршено сега заедно со болницата и општината работиме на средување на некои технички детали, дозволи, по што практично може да почне изведбата на овој проект со кој болницата ќе се приклучи на гасификациската мрежа. Мамографот во Куманово ќе се набави со постапка за набавка на мамографи за шест центри. Сметам дека постапката ќе трае триесетина дена, по што ќе следи рокот за испорака и во наредните три до четири месеци Куманово ќе го добие мамографот-рече министерот.

Министерот промовираше и новина за која рече, интензивно работат, кумановската болница да стане Клиничка болница, бидејќи рече има врвни експерти од повеќе области, доаѓаат и експерти од Клиниките од Скопје и работат со кумановските лекари и на овој начин го надградуваат знаењето.

Директорката на болницата, Захариева истакна дека е задоволна од набавените апарати кои соодвествуваат на потребите на болницата.

-Се работи за модерен столб, последен модел на техниката со кој има и подобра визуелизација. Видео ларингоскопот е златен стандард за секоја акредитирана болница, и секоја болница треба да го има. Од искуството нема месец како го користиме, можам да кажам дека има многу подобра визуелизација отколку кога се работи со класичен ларингоскоп-посочи таа.

Одговарајќи на новинарски прашања, директорката истакна дека сега има интерес за специјализации, во минатото имало послаб интерес за анестезиологија, сега има еден специјализант, а веќе одобрените специјализации од министерството ќе бидат префрлени за наредната година.

Министерот , одговарајќи на новинарски прашања како ќе го реши проблемот со недостаток на кадри потецираше дека веќе се преземени мерки, зголемувањето на платите е одлично прифатено од лекарите.

-Навистина е зголемен интересот, тоа го гледаме преку иницијативите кои ги преземаат младите лекари, студентите на последната година на медицинскиот факултет и специјализантите, за тоа да имаме заеднички средби и да им укажеме за мерките преземени досега туку и за иднина. Имено, зголемувањето досега на лекарите специјалисти е близу 15 проценти, а следната година од февруари тие ќе имаат повисока основна плата од 40 проценти, заедно со дежурствата кои што во обичен работен ден се дуплираат, а за викенд и празник се триплираат, платите на лекарите специјалисти во однос на 2016-та 17-та во февруари 2020 година ќе бидат од 80 до 100 проценти поголеми, значи ќе достигнат 100.000 денари во клиниките и значајно ќе се приближат до 100.000-денари во сите останати општи и кличнички болници-изјави министерот.

Тој рече дека платен стаж кој сега е услов за специјализација на младите лекари согласно последната измена на Законот за здравствена заштита на примарно ниво, во службите за здравствена заштита, итна помош, вакциналните пунктови, и едукацијата која согласно стратешкиот договор со една голема институција од сферата на здравтвото од Германија, сакаат да ја потпишат и со кој договор странските експерти ќе можат да работат со домашните кои ќе го надргадат своето знаење.

Коментари

коментар(и)