Мобилна амбуланта за гинеколошки тест во Старо Нагоричане

На 04, 05 и 06 април (понеделник, вторник и среда) со почеток од 09:30 до 14: 30 часот во Старо Нагоричане кај пожарната зграда ќе биде поставена мобилна амбуланта во која сите заинтересирани жени од општина Старо Нагоричане ќе можат да извршат бесплатен гинеколошки тест, вклучувајќи и ПАП тест.

Работата на мобилните амбуланти е овозможена со поддршка на Министерство за здравство, Македонска асоцијација на гинеколози и опстетичари , Македонско лекарско друштво, Црвен крст и Фондот за население на Обединети нации.

Сите заинтересирани за термин може да се пријават на тел.078/318-361 и 075/490-011.

Коментари

коментар(и)