Можно е намалување на цената на патарините, најави Бочварски

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски синоќа најави дека Владата разработува модалитети и разгледува можности за тоа колку може и дали е можно да се намалат цените на патарините.

Истовремено се работи и на воведување на електронска наплата на патарини со што ќе се намали уделот на човечкиот фактор.

Бочварски посочи дека 46,4 милиони евра се собрани од наплата на патарини минатата година во ЈП за државни патишта.

Коментари

коментар(и)