Момир Петрушевски: Срамно е да се изнесуваат лаги

Срамно е да се изнесуваат вакви лаги и невистини, се служите со секакви средства за да ја изманипулирате јавноста, но на изборите ќе изгубите, посочи кандидатот за советник од СДСМ, Момир Петрушевски, по прес конференцијата на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, на која го обвинија дека нападнал нивна советничка.

-Срамно и во најмала рака е дегутантно да се изнесуваат вакви лаги и невистини како што денес изнесе тимот од групата избирачи. Како може да обвинувате човек во години дека физички се пресметува со жена. Целосно ги отфрлам ваквите обвинувања од ваша страна и ќе поднесам кривична пријава пред надлежните органи за клевета. Вистината е следна. Дојдоа активисти на Димитриевски предводени од актуелната директорка на библиотека, Христина Алексовска, на мојата врата на домашна адреса со пропаганден материјал и провокациски напади. Ќе ве прегазиме, нема да знаете што ќе ви се случи после а на што претходно имаше и непристојни зборови и понуди од Александар Крстевски Крсто, човек на Димитриевски. Веднаш потоа и закани од страна на Драган Алексовски Вуле, сопруг на наведената. Сето ова се случи пред мојата влезна врата во присуство на мојата сопруга и малолетниот внук, кои не беа должни да сведочат на ваков немил настан. Одговорно тврдам дека немало никакво насилство од моја страна, за овој настан ќе поднесам и приватна тужба против лицето Драган Алексовски, кој на секој можен начин се обидува да ме дискредитира. Целта на нивната посета беше да ме провоцираат знаат точно каде живеам и сакаат да го продолжат насилството од вчера кога беше нападнат мој колега кандидат за советник. Ова е класичен обид за спинување на насилство кое започна само еден ден од официјализирањето на коалицијата на режимот меѓу Димитриевски и Мицкоски со Груевски-истакна тој нагласувајќи дека СДСМ ќе слави на претстојните избори.

 

 

Коментари

коментар(и)