МОН: Од утре повторно аплицирање за субвенциониран студенски оброк

Министерството за образование и наука информира дека од утре повторно може да се аплицира на Јавниот повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк. Вториот рок трае до 31 октомври и однесува на сите новозапишани студенти, но и на оние кои ги исполнуваат условите но не успеале да се пријават и да го остварат ова право во првиот рок.

Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано, односно се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ и многу едноставно, со прикачување на само два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка.

Во рамки на првиот рок пристигнаа вкупно 21.693 апликации, додека правото на  субвенциониран студентски оброк го остварија вкупно 18.149 студенти. Дополнително, во фаза на разгледување се сите пристигнати приговори, а подносителите за конечната одлука ќе бидат известени во текот на следната работна недела.

Коментари

коментар(и)