(ВИДЕО) Мургашанска: СДСМ ја има најдобрата понуда на политичката сцена

„СДСМ ја има најдобрата понуда на политичката сцена. Во Програмата се опфатени сите населени места во Општина Куманово и она што е најважно, за секој проект имаме финансиска конструкција, што гарантира дека истата во потполност ќе биде спроведена“, рече на денешната прес-конференција, носителката на листата на советници, Атина Мургашанска. Според неа, програмата на СДСМ се темели на пет централни столба.

Првиот столб е „Мој Градоначалник“– преку кој, Градоначалникот го доближуваме непосредно до граѓаните и обезбедуваме директна комуникација со него и општинската администрација; ЗАЕДНО ОДЛУЧУВАМЕ!

Вториот столб – Хумана урбанизација, со кој гарантираме планско градење со заштита на јавниот интерес и двојно повеќе зеленило за секој нов квадрат бетон; НЕ ДАЛИ СЕ ГРАДИ, ТУКУ КАКО СЕ ГРАДИ!

Третиот столб – Зелена агенда, столб со кој предвидуваме завршување на терциерната мрежа на гасификацијата, односно истата да стигне до сите домаќинства, набавка на еколошки јавен превоз, пречистителни станици, енергетско ефикасни фасади на колективни станбени згради;СЕКОЈ ЗАСЛУЖУВА ДА ЖИВЕЕ ВО ВО ЗДРАВА ОПШТИНА!

Четвртиот столб, вели Мургашанска е Економски развој преку зголемување на финансиските можности на општината и економски политики насочени кон подобрување на деловниот амбиент и последниот столб, Инфраструктурни проекти, односно одвојување на еден милион евра секоја година за реконструкција на постојани улици и изградба на нови, како и изградба и реконструкција на водоводна и канализациона мрежа.

Носителката на кандидатската листа на советници најави  дека деновите детално ќе биде презентирана Програмата со која, како што вели,  гарантираат, позитивна промена на ликот на градот Куманово во наредните 4 години.

Коментари

коментар(и)