Набавена нова спортска и музичка опрема за гимназијата

Набавени се 430 полиуретански столови, нова спортска опрема за гимнастика и спортски реквизити, како и дополнителна опрема за музичкиот кабинет во гимназијата „Гоце Делчев“, информираше на својот Фејсбук профил, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

-Завршена е реконструкција на кровот, замена на прозорците и вратите, а во тек е поставување на нова енергетско-ефикасна фасада на целиот училишен објект.  Во тек е реконструкцијата на внатрешноста на училишната спортска сала. Следува поставување на нова гумирана спортска подлога во салата и инсталација на нов систем за греење-напиша Димитриевски.

Коментари

коментар(и)