Наградени кумановци на државен натпревар

Пет ученици од средното техничко училиште „Наце Буѓони“, еден ученик од „Перо Наков“, како и ученици од гимназијата „Гоце Делчев“  се наградени на 55 –от Државен натпревар на млади истражувачи од Македонија, што викендов се одржа во средното стручно училиште „Перо Наков“. На натпреварот за своите истражувачки проекти прво место од  средното училиште „Наце Буѓони “ освоија учениците , Бојан Божиновски во категоријата Примена на софтвер , Данило Гишевски во категоријата Дизајн на веб страници  и Теодора Атанасовска во категоријата Микробиологија .

Две ученички од истото училиште освоија трето место на натпреварот : Јована Даштевска во категоријата Фармација  и Гала Арсовска во категоријата Агротехника.

Трето наградена е и ученичката во прва година во средното училиште „Перо Наков“, Кристина Трајковска во категоријата Екологија, информира директорката Мила Жибак Димковска.

Награди и пофалници добија повеќе ученици од средните училишта во Куманово.

Овој натпревар се организира од страна на Народна техника на Македонија, Сојуз на здруженијата на младите истражувачи на Македонија –„Наука на младите”  и Народна техника – Куманово.

На натпреварот учествуваа 144 средношколци од целата држава  на кој учесниците имаа можност да презентираат научно-истражувачки проекти  во 23 области на природните и техничките науки .

Државниот натпревар на млади истражувачи од Македонија е поддржан од министерство за образование и наука.

Коментари

коментар(и)