Над 50 возачи исклучени од сообраќај

Во текот на изминатата недела Секторот за внатрешни работи Куманово констатирал дека 54 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, од сообраќај се исклучени 52 возачи (26 возачи кои управувале под дејство на алохол и 26 возачи управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило).

Од сообраќај се исклучени и 16 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се седум возачи поради користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило, еден возач поради непрописно престројување, еден поради некористење сигурносен појас и еден возач поради неправилно престигнување.

Во текот на изминатата недела издадени се 273 мандантни платни налози, 70 прекршочни платни налози, а 77 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

Коментари

коментар(и)