Над 500 активни случаи на Ковид-19 во Куманово

Во Куманово има 537 активни случаи на Ковид-19, согласно вчерашните податоци од министерството за здравство. Од почетокот на пандемијата досега бројката на инфицирани кумановци со коронавирусот изнесува 15.483.

Инаку, на ниво на државата вчера беа регистрирани 1.554 нови случаи на ковид-19, од нив 70 лица во Куманово.

Бројот на активни случаи во земјава изнесува 11.748.

 

 

Коментари

коментар(и)