Над 838 млади земјоделци ја искористиле мерката

Младите земјоделци се во фокусот на сите мерки, програми и политики, кои изминативе години ги креира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Преку Програмата за рурален развој предвидени се две мерки, кои даваат директна поддршка за младите земјоделци од 18 до 40 години, односно мерката 112 „Помош на млади земјоделци за започување на земјоделска дејност“ со грант до 10.000 евра и мерката 113 “Поддршка за поттикнување на земјоделското производство” со грант до 20.000 евра.

Од 2017 година до денес, финансиска поддршка од овие две мерки искористиле вкупно 838 млади земјоделци, од кои 576 млади добиле грант до 10.000 евра, а 262 млади земјоделци добиле грант до 20.000 евра, информираат од министерството.

Распишан е и во тек новиот јавен повик за поддршка на младите земјоделци преку мерката 112 „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“,од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.

Поддршката за младите земјоделци преку овој јавен повик е во форма на грант и  подразбира исплата на неповратни средства во висина до 600.000 денари со ко-финансирање од 100% на вкупно одобрените трошоци. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво во најмногу три рати.

Коментари

коментар(и)