Над 950 млекопроизводители аплицирале за субвенции

На 5 ноември истекува рокот за поднесување барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од мај до септември 2016 година. Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар. Надлежните ги потсетуваат млекопроизводителите дека барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.

– Ги известуваме сите земјоделци или млекопроизводители на ниво на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане да ги достават откупните белешки најдоцна до 5-ти  ноември 2016 година за месеците мај, јуни, јули, август и септември за мерката 2/4 значи за овчо и за кравјо млеко. Бидејќи се аплицира  електронски доколку не ги достават до 5 .11. 2016  истите не можат да бидат обработени и не можат да бидат в предвид за понатамошна обработка. Бидејќи системот ќе работи до 5. 11 . 2016 до полноќ, земјоделците можат откупните белешки да ги достават до подрачната единица на министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Куманово во архива, канцеларија број 31 на шалтер, истите ќе бидат земени, архивирани и обработени , изјави Бранкица Димковиќ, П.Е. МЗШВ, Куманово

Досега  аплицирале 955 земјоделци од Куманово, Старо Нагоричане и Липково , а до петок надлежните од подрачната единица на министерството за земјоделство очекуваат уште 50 до 100 откупни обрасци за произведено и продадено млеко. Вообичаено, бројката на апликациите за млеко се движи од 1100 до 1200 .

Во кумановскиот регион повеќе се аплицира за кравјо млеко отколку за овчо, а за козјо млеко се уште нема апликанти.

Коментари

коментар(и)