Намалено нивото на Пчиња

Водостојот на реката Пчиња е речиси двојно под просекот за овој период од годината, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Според податоците добиени утринава во 07:30 часот од мерната станица во селото Пелинце, водостојот на Пчиња изнесува 28 сантиметри.

Тоа е намалување за четири сантиметри во споредба со вчера.

Воедно, тоа е далеку под просекот за овој период од годината кој изнесува 51 сантиметар.

Според неделната хидролошка информација, водостојот бил највисок вчера.

Коментари

коментар(и)