Намален број на убоди од крлежи

На хируршкото одделение во општа болница Куманово годинава е намален бројот на убоди од крлеж. За разлика од лани кога дневно доаѓале по тројца-четворица пациенти со крлежи, годинава бројот е доста помал, вели началникот на ова одделение, Методија Димковски.

-Бидејќи кај нас не  постои здравствена едукација за пациентите сами да си ги отстранат крлежите тие секогаш доаѓаат на хирургија или ако го отрстрани сам останува нешто или слично. Оваа година има помалку благодарение на планот за деретизација што се спроведува на ниво на општината, и навремено се прскаат зелените површини мај, април кога е приодот има помалку крлежи-нагласи Димковски.

Тој објасни дека повеќето од кржелите кај нас не се заразни и ретко се случува да има некоја посериозна последица по здравјето на каснатиот.

-Проблем е од крлежи кои се од глодари или животни кои се полни со носители на вируси, генерално на ова поднебје кај нас немаме забележано од такви видови. Релативно крлежите не носат заразни болести но за секој случај ние го почитуваме правилото пациентите ги праќаме до инфективно одделение кое понатаму ги советува задолжителна е антитетанусна заштита  затоа што крлежот може да внесе спори од тетанус при убод а ако не е инфициран крлежот нема да има никаков проблем-додаде началникот на хируршкото одделение во Куманово.

Крлежите најмногу ги има во трева па затоа лекарите препорачуваат граѓаните да бидат претпазливи при престој во природата. Истите многу почесто се лепат на животните.

Коментари

коментар(и)