Наместо концерт целодневен хепенинг

Со речиси целодневен хепенинг, кој ќе се одржи на 29-ти декември на Градскиот плоштад, општина Куманово ќе ја одбележи Новата година. На настанот е предвидено да има програма наменета за деца, народна, поп и рок музика. Првиот човек на Куманово, Зоран Дамајновски, објасни дека исто како и лани нема да има организиран пречек на 31-ви, бидејќи за да има интерес кај граѓаните, потребни се познати музички ѕвезди од регионот, за чиј настап треба да се издвои поголема сума на пари.

-Се погрижвиме социјалниот трансфер да биде поголем на сметка на тоа што ќе го намалиме овој културен дел за дочек на Нова година, односно концерт. Сакам да се заблагодарам на разбирањето, гледам дека на социјалните мрежи има позитивни коментари за тоа и мислам дека понатаму ќе видеме да направи културни програми каде ќе бидат застапени пред се регионалните и општинските културни вредности-посочи Дамајановски.

Тој нагласи дека  наредната недела е планирано да се одржат традиционалните средби со граѓани од социјално ранливи категории, деца со попреченост, деца без родители и слично. Директорот на фонадацијата за култура и спорт, Нино Величковски посочи дека новогодишниот хепенинг е планирано да започне со програмата за деца, поточно во 11 часот со настан на танцовиот спотски клуб Мерилин, музичка програма на децата од дневниот центар за посебни потреби и Порака наша. Најмладите ќе ги посети и Дедо мраз, а присутните ќе имаат можност да ги проследат и настапите на детскиот хор при основното училиште Јероним Де Рада од Черкезе и Градскиот детски хор.

-Вториот дел ќе го почнеме со народна музика во 18 часот ќе бидат Наши Тамбураши и Нино Величковски. За да после нас ќе настапи групата Бисери и нашата сограѓанка Маргица Антевска. Ќе имам програма 2 часа, за да потоа од 20 и 30 часот поп и рок групи од Куманово, Оружје, Морфеј и хип хоп Твистер и НБК-нагласи Величковски.

Организаторите ги повикаа сите граѓани да присуствуваат на манифестацијата.

 

 

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)