Тасевска: Со договорот до ЕУ и НАТО

„Македонско-грчкиот договор, е договор за иднината. Сите ние знаеме дека договорот го постигнавме преку тешки преговори во кои дојдовме до прифатливо решение за двете страни. Свесни сме за влогот и знаеме дека ова е најдоброто можно и фер решение за граѓаните на Македонија“, истакна на денешната прес-конференција пратеничката од СДСМ, Лидија Тасевска.

Според Тасевска се работи за договор со кој се овозможува патот за влез во НАТО и за почеток на преговорите со Европската унија.

„Договорот го гарантира правото да се определуваме како Македонци. Нема повеќе оспорувања. Според членот 7 од договорот македонскиот идентитет ги отсликува нашата територија јазик, народ, со своја историја, култура, наследство. Според членот 7 од договорот македонскиот јазик е потврден како официјален јазик на нашата земја со договорот македонскиот јазик станува официјален во најмоќниот сојуз на светот, НАТО и во најголемата унија, Европската унија“-наведе Тасевска.

Пратеничката воедно упати апел до кумановци утревечер да присуствуваат на граѓанскиот митинг кој ќе се одржи на Градскиот плоштад со почеток во 20 часот. На митингот ќе се обрати претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Коментари

коментар(и)